Светот низ фотографии
Евакуиран граѓанин во Бакхумт, плаче додека го држи својот миленик, по излегување од оклопниот транспортер на украинската армија во Часив Јар, среде руската инвазија на Украина.
Поддржувачи на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, протестираат во Хаг, Холандија.
„Ајфела“, реплика на познатата париска кула.
Службеник држи сигнален знак означувајќи го првиот воз по смртоносната железничка катастрофа што заминува од Атина кон Солун во Грција. Железничката врска меѓу Атина и Солун е делумно обновена по железничката катастрофа во која загинаа 57 лица.
Украински војник гледа ѕирка од отворот на оклопен транспортер, во градот Часив Јар, регионот Доњецк.
Сообраќаен полицаец гестикулира додека е на должност среде поплавен пат во Кабул, Авганистан.
Безбедносните сили се собираат пред Кривичниот суд на Менхетен, во Њујорк. Поранешниот претседател Доналд Трамп се очекува да отпатува во Њујорк за да се соочи со обвиненија.
Цвеќиња и постер со фотографија на блогерот Владлен Татарски се поставени во близина на местото на експлозијата во кафулето Street Bar во Санкт Петербург, Русија. Експлозија одекна во кафуле во вториот по големина град во Русија, при што загина познатиот воен блогер и силен поддржувач на војната во Украина.
Жена која носи заштитна маска го мести својот шал во близина на ѕид со лампиони изложени во Пекинг.
Евгениј Пригожин, основач на руската платеничка сила Вагнер, зборува во видео порака која наводно била снимена во близина на градската управа во Бахмут, Украина