Сувенири за Трамп и за Харис на продажба едни до други

Your browser doesn’t support HTML5

Во кампањата за претседател на САД, мали се шансите за согласувања меѓу поддржувачите на Камала Харис и поддржувачите на Доналд Трамп. Во Јужна Калифорнија,  пак, двајца трговци се решиле да продаваат сувенири од ривалите, на тезги една до друга. Известува Гениа Дуло

Кога демократката од Калифорнија Сандра Роби видела штанд на кој се продаваат производи на Доналд Трамп, била фрустрирана од слабата видливост на нејзината партија во заедницата и решила да отвори штанд на Камала Харис.

„До неодамна не ги промовиравме гласно нашите политички убедувања. Тоа беше само нешто што го чувате за себе и живеетe со меѓусебна почит. Но, кога Трамп влезе на сцената, се` се промени. Стана како светска федерација на борење или тим на спорт, и не можевме повеќе да бидеме невидливи“, вели Роби.

Округот Оринџ, Калифорнија, е републиканска енклава во оваа претежно демократска држава. Републиканците Елви и Еди Пантиг не го сакаат штандот на Харис.

„Ние не го сакаме тоа“, вели Елви и додава: „Округот Оринџ треба да биде републикански. Можеби на друг агол, одвоено“.

Калифорнискиот републиканец Стив Лоренс раководи со штандот за производи на Трамп. Тој вели дека на почетокот имало малку тензија со Роби, но на крајот се согласиле да го споделат просторот.

„Само затоа што јас сум републиканец, а таа е демократка, нема причина да не можеме да коегзистираме овде на иста локација. Имаме различни чувства, различни мислења за работите, и секако луѓето имаат емоции, но не треба омразата да влезе во политичките ставови на двете страни. Можеме да коегзистираме без да мора да бидеме толку злобни во врска со тоа“, вели Лоренс.

Демократката Сузан Џонсон вели дека двата штанда еден до друг е добра идеја.

„Мислам дека е навистина паметно. Мислам дека ако луѓето можат да разговараат меѓу себе, ќе можат да најдат многу повеќе заедничко“, смета Џонсон.

Републиканецот Заид Хабаибех вели дека штандовите покажуваат оти Американците можат да функционираат без секогаш да се согласуваат.

„Ова е слободата за која јас сум гласен и го кажувам она во што верувам. Ги следам демократските прописи во оваа земја. Во меѓувреме, и другата страна може да го прави тоа“, смета Хабаибех.

Роби и Лоренс велат дека станале пријатели во последните неколку месеци и внимаваат еден на друг за да бидат сигурни дека и двајцата се безбедни. Тие велат дека нивниот знак „И двајцата бараме, ве молиме, бидете добри“ помага да се намалат политичките температури на нивните клиенти.