Сушата ги празни резервоарите: Истанбул во битка за вода за пиење

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу вината ја префрли на климатските промени

Турскиот најголем град се соочува со една од најголемите суши во период на рекордно високи температури. Експертите предупредуваат – ако нема дожд Истанбул може да се соочи со недостиг на вода. Известува Доријан Џонс.

Your browser doesn’t support HTML5

Високите температури ги сушат водните резервоари кај Истанбул

На местото каде што имаше вода сега расте трева. Сувата зима и лето со рекордно високи температури речиси испразни многу од браните во Истанбул. Управата за водовод и канализација во Истанбул редовно ги ажурира опаѓачките нивоа на браната и предупредува на потребата од зачувување.

Беа објавени итни напори за долгорочни планови. Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу вината ја префрли на климатските промени.

„Климатската криза е најголемата закана за светот. Борбата, мора да расте сè повеќе и повеќе“, вели градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Водата сега се испумпува на речиси 200 километри од турската река Мелен до Истанбул за да се задоволат потребите на градот.

Сепак, уникатната местоположба на Истанбул ги комплицира овие напори. Босфор го дели Истанбул со Европа и Азија, што ја прави местоположбата сè понезгодна во однос на залихите со вода на два континента.

„Имаме интегрирано управување со водите и правиме оптимизациони студии. Земаме вода од реката Мелен и од азискиот ја пренесуваме на европскиот дел“, објаснува Тугба Олмез-Ханчи од Управата за водовод и канализација на Истанбул.

Изворите на вода се поголеми во азискиот дел, иако таму се наоѓа 35% од населението на Истанбул, додека 65% се во европскиот дел на градот.

Властите за водоснабдување се потпираат на технологијата за сузбивање на прекумерната употреба на вода. Тие што користат многу вода добиваат известувања со кои се предупредуваат за нивната потрошувачка, а се нудат и специјални вентили за намалување на притисокот на водата.

Експертите предупредуваат дека со рекордните температури што го зголемуваат испарувањето од преостанатата вода во браните во Истанбул, времето за градот би можело да истече ако наскоро не заврне дожд.

„Тие веќе објаснија да се користи водата што е можно поефикасно. И ако нема довоно врнежи на почетокот од септември и октомври, Управата за водоснабдување во Истанбул ќе спроведе некои мерки, како што се контроли за користење на водата“, вели Дурсун Јилдиз од Хидрополитичкото здружение на Турција.

Властите за водоснабдување во Истанбул велат дека се решени да избегнат прекини на вода, но признаваат дека се соочуваат со зголемен недостиг.

„Не можам да кажам дека тоа не е проблем. Но, како што ви кажав, се обидуваме да дадеме сè од себе додека да падне дожд“, вели Тугба Олмез-Ханчи.

Градоначалникот на Истанбул, Имамоглу, очекува што поскоро да падне дожд, за во градот да се избегне недостиг на вода, бидејќи наредната година тоа може да се одрази на неговиот реизбор. А, претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата партија ќе ја врати контролата врз најголемиот турски град.