Судија треба да има отворен ум, рече Барет на сослушувањето во Конгресот

Вели дека ја дели филозофијата на судијата Скалија, но, нагласи дека тоа не значело оти се согласува со секоја реченица што ја кажал тој

Конгресните демократи и денес ѝ поставија прашања на номинацијата за Врховниот суд на САД Ејми Кони Барет за Законот за здравствена заштита, кој ако се укине би можел да се одрази врз милиони Американци.

И на третиот ден од сослушувањето пред Сенатската комисија за правосудство, Барет повтори дека таа не е непријателски насочена кон овој закон, познат како Обамакеар, а за кој Врховниот суд треба да расправа на 10-ти ноември.

„Судија треба да има отворен ум секогаш“, рече Барет, и додаде:

„Ако би кажала како како би го решила случајот само затоа што сум видела што е проблемот, ќе го заобиколам целиот процес кој би требала да го поминам“.

Барет рече дека нема да дозволи нејзините лични и религиозни ставови да бидат пресудни при одлучување за судските предмети.

Таа рече дека ја дели филозофијата на судијата Скалија, но, нагласи дека тоа не значело оти се согласува со секоја реченица што ја кажал тој. Не вети како би можела да гласа за абортусот, на кој се противи Католичката црква.

Претседавачот со Сенатската комисија за правосудство Линдзи Грем, планира утре да го одржи првичното гласање во Комисијата за потврда на Барет.