ВАШИНГТОН —
Врховниот суд денес одби да го блокира пристапот на обвинителите од Њујорк до даночните документи на поранешниот претседател Доналд Трамп, објави Асошиетед прес.
Документите од пријавувањето на даноците на Трамп не требаше да бидат јавни како дел од кривичната истрага на обвинителите, но, највисокиот суд одлучи да се ослободи патот до нивно обезбедување.
Врховниот суд чекаше со месеци да постапи по овој случај. Оттаму не дадоа објаснување за доцнењето.
Судската одлука е победа за обвинителот на Менхетн Сајрус Венс Џуниор, кој бараше пристап до даноците на Трамп од 2019 година, како дел од истрагата.