Супервторник во САД. Американците во 15 сојузни држави на прелиминарни избори одлучуваат кој ќе се најде на гласачкото ливче на закажаните избори во ноември 2024 година
Утринава во 6 часот по американско време се отвори гласачкото место во градската библиотека во Арлингтон во американската сојузна држава Вирџинија. Американците може да гласаат до 19 часот по локално време. Вирџинија е една од 15-те сојузни држави каде се одржуваат прелиминарни избори на супервторник. Овој ден е клучен за републиканската партија, бидјеќи гласачите ќе дадат појасна слика околу тоа кој има поголеми шанси за републисканска номинација - Доналд Трамп или Ники Хејли.
Your browser doesn’t support HTML5
Американците кои се регистирани за гласачи имаат право на неколкучасовно отсуство од работа.
SEE ALSO: Денес прелиминарни избори во 15 сојузни држави на САД