Визата EB-5, или Имиграционата инвеститорска визна програма не ограничува каде или колку студенти работат надвор од кампусите и им дозволува да останат во државата по дипломирањето. Оваа можност ја немаат носителите на студентската виза Ф-1.
Но, во замена за помалку ограничувања, EB-5 има висока цена. Апликантите мора да инвестираат најмалку 500.000 долари.
,,Има многу богати студенти од странство кои доаѓаат во САД и многу од нив се мотивирани да останат и по дипломирањето“, вели Ишан Кана, кој неодамна дипломираше и има ваква виза.
Кана дошол во САД од Индија со студентска виза Ф-1 за да студира на Универзитетот Лојола во Лос Анџелес. Дознал за оваа можност на крајот на студиите.
,,Сакав да останам во Силиконската долина“, вели Кана.
Визата EB-5 е востановена во 1990 година како поттик за странски инвестиции и креирање работни места за американските работници, велат од Одделот за домашна безбедност.
За да добие виза, странец мора да инвестира најмалку 500.000 долари директно во бизнис или во регионален центар, што е приватна компанија која ги распоредува таквите инвестиции.
Секоја инвестиција се квалификува доколку отвора или зачувува најмалку 10 работни места со полно работно време.
Повеќето од EB-5 инвеститорите избрале да инвестираат во регионални центри. Успешните апликанти добиваат зелена карта за две години која станува трајна ако инвестицијата ги исполнува стандардите за отворање на работни места.
Но, критичарите велат дека оваа програма отвара и простор за злоупотреби.
,,Можам со часови да зборувам за корупцијата во оваа програма”, вели републиканскиот сенатор Чаркс Грасли, кој е еден од најгласните критичари на програмата.
,,И вложуваат големи пари и не знаат за што тие се користат”, вели имиграциониот адвокат Лсу Кан Пам, од имиграционите власти.
Според некои судски случаи, понекогаш, овие пари се предмет на проневера.
Прекинати се договорите со Владата на САД на 287 регионални центри поради тоа што не ги поднеле бараните информации до Американската служба за државјанство и имиграција или пак поради тоа што не ѝ служат на целта за промоција на економскиот раст. Овој месец, има 1.382 одобрени регионални центри.
Мината година, против семејството на Џеред Кушнер, зетот на Доналд Трамп и советник во Белата куќа, беше покрената истрага поради сомнение дека поврзаноста на нивната компанија со претседателот може да им помогне на инвеститорите да добијат зелена карта преку EB-5 програмата. Истрагата е во тек.
Да бидеме искрени, ако немате зелена карта, тешко ќе добиете работа во САДИшан Кана
,,Да бидеме искрени, ако немате зелена карта, тешко ќе добиете работа во САД”, вели Кана.
,,Бев на интервју во Спејс Екс и се сеќавам дека за тоа стана збор уште во првиот круг од интервјуата,” додава Кан за искуството во компанијата која што се смета за водечки иноватор на полето на вселенската технологија.
,,Да можеш да работиш во САД без да бараш спонзорство е голема работа,” вели тој.
Американската служба за државјанство и имиграција може да додели до 10.000 EB-5 визи годишно, но тешко е да се каже колку студенти во САД ја имаат оваа виза.
Бидејќи регионалните центри прават профит од инвестициите во име на апликантите за EB-5 виза, тие настојуваат да ги привлечат сите потенцијални инвеститори, без оглед на тоа колку се млади.
Иако родителите и семејствата вообичаено ги даваат парите, понекогаш студентите одлучуваат каде да се инвестира.
За Кана, кој специјализираше во областа на менаџментот на информационите системи кога го започнал EB-5 процесот, вели дека одлуката каде да се инвестира била тешка. Тој со месеци истражувал за таа цел.
,,Направив табела со долга листа во која ги ставив сите ЕБ-5 проекти и ги споредував нивните позитивни и негативни страни,” вели Кана.
На крајот, тој инвестирал во хотелот ,,Четири сезони” во Порто Рико преку регионалниот центар EB-5 Јунајтед лоциран во Санта Моника, во Калифорнија. Сега работи за EB-5 Јунајтед како директор за односи со инвеститори од Индија.
Иако Американската служба за државјанство и имиграција се обидува да се заштити од измами, Извештајот на владината канцеларија за одговорност за 2015 година укажува дека треба да се направи уште многу за да се заштитат инвеститорите и да се истражи како програмата влијае на американската економија.
Имаше и барања за реформа на EB-5 програмата и ставање крај на регионалните центри. На 30-ти септември програмата е продолжена до по изборите, но пред да почне мандатот на новиот Конгрес во јануари.
Дотогаш, студентите кои што бараат алтернатива на Ф-1 визата можат да ја разгледаат EB-5 визата, ако можат да си ја дозволат.