Снегот во Струга и струшко предизвика хаос и проблеми

Големите количини на снег кои паѓаа цело деноноќие предизвика вистински хаос во Струга и неговата околина. Сликата е паднати бандери по улиците,жици кои што висат, оштетени електрични столбови.

Сообраќајот исто така се одвива отежнато и со проблеми поради остатоците од снег по улиците и патиштата. Некои делови од градот и десеттина населени места останаа и без струја и вода. Дел од училиштата во селските средини се затворени поради природата непогода,а учениците не можат да следат настава.

Локалните власти велат дека се работи на терен со неколку екипи. Од енергетската компанија ЕВН Македонија велат дека поради тешко пристапните предели тешко оди и санирањето на штетите, но како се санираат дефектите така и населените места ќе бидат приклучувани на системот со напојување со електрична енергија. Без напојување се и населени места во планинските региони во охридско , кичевско, гостиварско, во Ресен и околните села, во реканскиот крај, во мавровскиот регион и неколку планински села во тетовскиот регион.

Your browser doesn’t support HTML5

Снегот во Струга и струшко предизвика хаос

„Струја кај мене нема. Ми попречи и со работата. Ниту вода нема. Вонредна состојба е. Што да правиме. Чистиме правиме“ вели граѓанин на Струга.

Дашмир Насуфи од општина Струга изјави дека локалната самоуправа е во функција на граѓаните и дека осум инспектори се на терен плус осум екипи кои функционираат со багери и камиони.