Уставен суд го отклучи механизмот, Владата не понуди решение за ревидирање на покачувањето на функционерските плати. Покрај државниот врв, министрите, пратениците, судиите и обвинителките ќе се офајдат и градоначалниците и директорите и нивните заменици со 78 отсто повисока плата. Неизбраните и неименувани вработени во јавниот сектор остануваат со плитки џебови и продолжуваат со протести
СКОПЈЕ - Функционерите во исчекување на априлските плати повисоки за стотици евра кои неделава треба да им легнат на сметките. Реагираше јавноста но и експертите, синдикатите, претседателот Пендаровски па дури и Светска банка но намалување на коефициентите за пресметка на платите или системско решение нема. Владата најави законски измени како системско решение но тоа е долг процес а најчест одговор на оваа тема беше дека одлука на Уставниот суд мора да се почитува.
Уставниот суд на 23 март укина два члена члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите со што го отвори патот за зголемувањето на платите од 78 отсто. Како илустрација за само 8 дена од месец март, колку што беше на сила одлуката на Уставниот суд пратениците добија повисоки плати за 16 илјади денари.
За пресметка на платите на избрабните и именувани функционери се зема просечната бтуро плата за минатата 2022 година која е во висина од 47.637 денари и се множи со коефициентите кои се јасно наведени во Законот за плата и надоместоци на функционерите.
Највисоки плати секако имаат претседателот на државата, престедателот на Владата и претседателот на Собранието кои имаат коефициент 4,5 и платата ќе се движи околу 140 илјади денари без вклучените надоместоци за изминат стаж.
Втор најголем коеифицент – 4 имаат претседател на Уставен суд, потпретседател на Собрание и потпретседател на Влада и нивната плата ќе се движи околу 125 илјади денари.
Новата министерска плата или платата на претседател на Врховен суд или на државниот Јавен обвинител чиј коефициент е 3,7 ќе биде околу 1.859 евра.
Народните избраници во Парламентот имаат коефициент за пресметка од 3,5 и нивните месечни примања ќе изнесуваат 1.750 евра, без патни трошци и надоместоци за учество во комисии и собраниски тела.
Во просек 3,4 е коeфициентот за пресметка на замениците министри, судија на Врховниот суд на Македонија, претседател на Апелациониот суд и виш Јавен обвинител а во денари тоа изнесува речиси 106 илјади денари
Градоначалниците имаат различен коефицeнт кој зависи од бројот на жиели во општината и се движи од 2,7 до 3,7 за градоначалникот на Скопје и новите плати ќе се движат во рангот од 84 илјади денари до 115 илјади денари колку што според пресметките треба да изнесува платата на градоначалничата Арсовска.
Опозициската ВМРО – ДПМНЕ ќе го поддржи системскиот закон кој го најавува Владата а пратеникот Милошоски немаше одговор дали и колакава априлска плата му е исплатена.
Колку вкупно тежат покачувањата на платите нема конкретна информација од министерството за финасии ниту пак од која ставка во Буџетот се планирани.