Светските берзи продолжуваат да паѓаат поради коронавирусот

Аналитичарите предвидуваат дека оваа недела ќе биде најлоша по глобалната финансиска криза во 2008-та година

Светските берзи продолжија да паѓаат денес, поради стравот од ширење на коронавирусот.

Вирусот се одрази врз плановите за патување, а особено ги погоди бизнисот и трговијата насекаде во светот.

Аналитичарите предвидуваат дека оваа недела ќе биде најлоша од глобалната финансиска криза во 2008-та година.

Берзите во Токио и Шангај паднаа за 3.7 проценти, додека Сеул и Сиднеј за повеќе од 3 проценти. Европските берзи паднаа за 2 до 3 проценти.

Потпретседателот на САД Мајк Пенс веќе именуваше меѓународен здравствен експерт, кој ќе ги координира напорите на Белата куќа во објавување експертиза во борба против оваа епидемија.