Претседателот Барак Обама во вторник ќе го има своето последно годишно обраќање за состојбата на нацијата.
Настанот претставува порака од претседателот до Конгресот, и традиционално се одржува еднаш годишно, во јануари или февруари. Вообичаено е за партијата која ја нема контролата врз Белата куќа, да даде одговор по обраќањето на претседателот и најчесто таа чест се доделува на законодавец којшто стекнува углед во таа партија.
Ова е листата на републиканци коишто ја имале или ќе ја имаат таа чест во име на Републикнската партија да дадат одговор за обраќањето на претседателот Обама:
24-ти февруари, 2009-та - Боби Џиндал, гувернер на Луизијана
27-ми јануари, 2010-та - Боб Мекдонел, гувернер на Вирџинија
25-ти јануари, 2011-та - Пол Рајан, сегашен спикер на Претставничкиот дом
24-ти јануари, 2012-та - Мич Даниелс, гувернер на Индијана
12-ти февруари, 2013-та - Марко Рубио, сенатор на Флорида (во моментов дел од трката за републиканска претседателска номинација, 2016-та)
28-ми јануари, 2014-та - Кети Мекморис Роџерс, претставник од сојузната држава Вашингтон
20-ти јануари, 2015-та - Џони Ернст, сенатор на Ајова
12-ти јануари, 2016-та - Ники Хали, гувернерка на Јужна Каролина