Годишното обраќање на претседателот се случува еден ден пред крајното сослушување во Сенатот, во постапката за негов импичмент
ВАШИНГТОН —
Претседателот на САД Доналд Трамп, вечерва во девет часот локално време, се очекува да се обрати пред нацијата. Ако се земат предвид обраќањата на претседателот изминативе години, во фокус на неговиот говор се очекува да се најдат економијата, имиграцијата, здравствената заштита, националната безбедност и одбраната.
Според медиумските извештаи, Трамп во говорот најверојатно ќе се фокусира и на изборната кампања за негов реизбор.
Утре, пак, фокусот ќе биде свртен кон Сенатот кој, како што се очекува, ќе го ослободи од вина претседателот во постапката за негово отстранување од функцијата.