Денешната пресуда за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и за шоуменот Бојан Јовановски - Боки 13, испраќа важна порака дека корупцијата нема да се толерира, рече портпаролот на Стејт департмент, во изјава за Гласот на Америка.
„Овој случај става јасно до знаење дека злоупотребата на јавна функција за лична корист ќе биде казнета соодветно”, рече портпаролот, велејќи дека одблизу го следат овој случај.
Додаде дека „фер и непартиско менаџирање на судството е суштинско за иднината на Северна Македонија”.
Катица Јанева денес беше неправосилно осудена на 7 години затвор за Злоупотреба на службената положба и овластувања, додека Боки -13 е неправосилно осуден на затворска казна од 9 години, за примање награда за противзаконито влијание и за Перење пари во случајот „Рекет“.