Стејт департментот ќе ги пренасочи фондовите за странска помош

Секоја програма финансирана од даноците на американските граѓани ќе треба да биде во согласност со приоритетите на надворешната политика на САД

Стејт департментот рече дека ќе ги ревидира програмите и оти ќе ги пренасочи сите фондови за странска помош, откако претседателот на САД Доналд Трамп се откажа од плановите да скрати четири милијарди долари помаш, сметајќи дека е непотребна.

„Како дел од оваа дискусија, се согласивме да ги разгледаме програмите и да ги пренамениме средствата, кои директно не се поврзани со нашите приоритети“, изјави портпаролот на Стејт департментот, додавајќи:

„Овој напор ќе осигура дека секоја програма за странска помош финансирана од даноците на граѓаните на САД е ефективна и е во согласност со приоритетите на надворешната политика“.

Една од програмите се однесува за државите Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас, а Стејт департментот смета дека овие држави не преземаат конкретни мерки за да го намалат бројот на илегални мигранти кои доаѓаат на границата со САД.

Трамп ја промени првичната одлука да ги скрати фондовите за странска помош, откако ваквата најава наиде на отпор кај некои законодавци.