Бајден ќе ја номинира Карен Донфрид за нов помошник-државен секретар за Европа

Донфрид е претседателка на Германскиот маршалов фонд во Вашингтон од 2014 година, а на оваа функција ќе остане додека Сенатот да ја разгледа нејзината номинација

Претседателот на САД Џо Бајден ќе ја номинира претседателката на Германскиот маршалов фонд во Вашингтон Карен Донфрид за помошник-државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

Германскиот маршалов фонд соопшти дека Бајден ја најавил неговата намера за номинација на Донфрид, која е претседателка на Фондот од април 2014 година.

Оттаму соопштија дека Донфрид ќе остане на оваа позиција додека Сенатот да ја разгледа нејзината номинација.