САД го ставија командантот Хагани на терористичка листа

САД го ставија командантот Хагани на терористичка листа

САД го ставија главниот командант на мрежата Хагани што е поврзана со ал-Каида на листата на специјално означени терористи.

Бадрудин Хагани му се приклучи на неговиот татко Џалалудин, основачот на милитантната мрежа, и на двајца негови браќа, Насирудин и Сирајудин, кои веќе беа на таа листа.

Американскиот Стејт Департмент во среда кажа дека со овој потег се замрзнува имотот на Бадрудин Хагани и им се забранува на Аериканците да имаат деловни односи со него.

Мрежата Хагани, што е со седиште во пакистанскиот северозападен племенски регион, се смета дека е фронт на бунтовничката активност за неколку напади од висок профил во таа земја.

Стејт Департмент вели дека Бадрудин Хагани се верува дека е одговорен за киднапирањето на репортерот на Њујорк Тајмс во 2008-ма, Дејвид Род, кој избегал од оние кои го држеле во 2009-та.