Стакла паднаа врз мене: Сведоштва на преживеаните од руското ракетирање во Киев

Police officers and local residents inspect damage outside a destroyed high-rise building following a Russian missile attack in central Kyiv, Jan. 3, 2024.

Запалени станбени згради, уништени магацини, изгорени автомобили – ова се последиците од рускиот ракетен напад во вторникот наутро во Киев. Според локалните власти 50 лица се повредени, а најмалку двајца загинале. Ана Костутченко разговараше со преживеаните. 

Далија Макарова била дома кога Русите истрелаа проектили врз Киев. По потекло од Литванија, Макарова се омажила за Украинец и се преселила во Киев пред повеќе од четири децении.

„Бев во кревет, покриена со ќебе - и тоа ме спаси! Две стаклени парчиња паднаа врз мене, но немав ниту една гребнатинка!“, раскажува Макарова.

Your browser doesn’t support HTML5

Сведоштва на преживеаните од руските ракетирања врз Киев

Како компензација за штетата, Макарова добила еднократна готовина од околу 260 долари од украинската влада. Француската хуманитарна организација Acted и додели уште 260 долари. Но, тоа е недоволно.

„Тоа е тоа! Не ни кажаа ни каде ќе живееме сега. Дома нема струја, гас, вода. Синоќа најдовме засолниште во училиште, спиевме во главната сала, на кревети“, вели Макарова.

Локалните доброволци се собраа за да ги отстранат урнатините.

„Кога Русија изврши инвазија ја презедовме одговорноста да комуницираме со локалното население и да помогнеме кога ќе се случи нешто вакво“, вели волонтерот Серхи Никитин.

Не ни кажаа ни каде ќе живееме сега. Дома нема струја, гас, вода. Синоќа најдовме засолниште во училиште

Нападот на Русија погоди училиште во Киев, при што искрши околу 100 прозорци. Но, и покрај големата штета, локалните власти поставија засолниште во училиштето за преживеани од воздушниот напад.

Волонтерите го отстранија скршеното стакло и ги покрија прозорците со иверица - за да ја заштитат просторијата од дожд и снег.

Меѓу волонтерите е и Норвежанецот Томас Лунд. Тој волонтира и им помага на вооружените сили на Украина откако Русија ја нападна земјата пред речиси две години. Најпрво собирал донации во Норвешка и купил неколку дронови за Украина, но во средината на 2023-та, дошол во Киев за да помогне на лице место.

„Има многу земји кои помагаат многу. Јас многу ги ценам, но секој треба да се вклучи“, вели Лунд.

Сирената за воздушен напад повторно се огласува; волонтерите мора да ја прекинат работата и да се упатат кон засолништето.

Не преземајќи никакви ризици поради опасност по животот, жителите на оштетената зграда се упатуваат кон соседното засолниште, откако загубија неколку соседи при претходните воздушни напади.