Брза железница, гасовод и взаемна поддршка во делот на ЕУ-пристапувањето – тоа беа главните теми на средбата меѓу врвот на македонската и спрската влада денеска во Скопје. Првата посета на еден српски премиер на земјава, по смената на власта, беше и за да се опипа пулсот на новата влада за идејата за брза железница по Коридорот 10, од Атина на југ, па се до Виена на север.
„Многу значајно прашање за Србија е да ја слушнеме стратешката одлука на Скопје за железничкиот коридор 10. Верувам дека интересот и на С Македонија и на Србија е да се споиме железнички со брза пруга“, рече премиерот на Србија Милош Вучевиќ.
Одговорот што Милош Вучевиќ го слушна во Скопје е дека стратешка определба на оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е изгрдаба на оваа железница, како и интерконекторот што треба да ја поврзе земајва со гасот што ќе се испорачува во во грчки Александропули.
„Стратешка цел на оваа влада е да бидеме крстопат на овој дел од Европа на три клучни елементи - патна, енергетска и железничка инфраструктура. Гасното поврзување меѓу двете земји е едне од тие приоритети, тоа треба да биде приоритет и за Централна Европа и со тоа ќе се намали зависноста од руски гас“, рече премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски.
Меморандумот меѓу Северна Македонија и Србија потпишан денеска се однесува токму на соработка во делот на енергетиката.
„Многу сме горди на проектот `Турски ток, јужен ток`, наречете го како сакате. Да го нема тој проект и да не го изградивме Србија сега би немала приоред гас. Да бидеме прецизни и искрени – ни не се откажуваме од кој било гас, сакаме и руски и азербејџански, сите извори. Да се откажуваме од нечиј гас зашто некој друг така проценува, но извинете, ние водиме сметка за нашиот дом“, рече Вучевиќ.
Ако за брзата железница и за енергетиката се зборуваше многу на прес-конференцијата на двата премиери, тогаш за ЕУ-интеграциите со отстапи малку време. Денешните пораки на Мицкоски и на Вучевиќ беа веќе познати, безмалку на ниво на фрази.
Your browser doesn’t support HTML5
„Зборувавме за предизивиците со кои се соочува регионот. Во овие турбулентни времиња треба да бидеме глас на народот, да работиме заедно за стабилност на целиот регион. Зборувавме за важноста на дијалогот како единствен начин за решавање на спорови и недоразбирања. Во однос на нашите ЕУ-интеграции ја потврдивме заедничката визија дека местото ни е во ЕУ. Знаеме дека патот не е лесен, но веруваме дека со заедничка работа и поддршка тоа може да го оствариме“, рече Мицкоски.
„Даваме целосна поддршка на Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Сметаме дека ЕУ мораше од поодамна да даде можност на С Македонија на нејиното евроинтеграирање, тоа сакаме јавно да кажеме. Веруваме во заедничката европска приказна за целиот регион. На тој начин ќе се реласкираат меѓусебните односи во регионот. Западен Балкан заслужува шанса и поддршка од целото ЕУ“, рече Вучевиќ.
Ниту едниот, ниту другиот не кажаа што конкретно ќе преземат за остварување на таа цел и влез на двете земји во Унијата. Премиерот Мицкоски не го ни спомена одвојувањето на Македонија од пакетот со Албанија кое значи застој во пристапниот процес, и најверојатно ново можно повеќегодишно тапкање во место.