Како што се загрева изборната сезона, претседателот Џо Бајден се обидува да ги убеди гласачите дека им го подобрил животот - преку неговото законодавство за создавање работни места, напорите за заштита на правата за абортус и подобрување на безбедноста на оружјето, до неговата работа за заштита на демократијата.
Тој пристапи кон пораки за таканаречените секојдневни проблеми со цел метафорично да пренесе неколку пораки одеднаш - како кога кажа во Филаделфија - родното место на Уставот - дека пожарникарите еднаш го спасиле неговиот дом да не изгори.
Your browser doesn’t support HTML5
Или како што го посети округот на еден од неговите најгласни републикански противници за да ја рекламира неговата работа за отворање работни места поврзани со климата.
„Историските инвестиции што ги славиме денес се во областа на конгресменката Боберт. Таа е една од водачите на ова екстремно движење МАГА. Таа, заедно со секој републикански колега, гласаше против законот што ги овозможи овие инвестиции во работни места“, рече Бајден.
Или, на настан за зголемување на работните места, кога тој зборуваше за неговите баба и дедо од рурална Минесота.
Од неговото место во Белата куќа, тој изгледа уверен во своите шанси да го исклучи својот најверојатен противкандидат, поранешниот републикански претседател Доналд Трамп.
На новинарското прашање „Господине претседателе, дали мислите дека има некој демократ кој би можел да го победи Доналд Трамп освен вас?“, Бајден одговори:
„Веројатно 50 од нив... Не сум единствениот што може да го победи, но ќе го победам“.
За многу гласачи во САД, проблемoт е со бројки. Анкетите велат дека повеќето се загрижени за економијата, но многумина укажуваат и на бројка што администрацијата на Бајден не може да ја промени - неговата возраст.
До изборната ноќ, Бајден, кој со 81 година е околу четири години постар од Трамп, ќе биде пет години постар од најстариот човек што некогаш ја заземал функцијата - Роналд Реган.
Демократските анкетари велат дека оваа загриженост го оптоварува Бајден, а Трамп моментално води во критичните сојузни држави.
„Гласачите не се задоволни со возраста на ниту еден од нашите кандидати. Мислам дека факторот возраст е дел од поширокото незадоволство со идејата Трамп и Бајден повторно да се соочат“, вели анкетарот Еван Смит.
Трамп, кој се соочува со низа обвиненија за кривични дела, водеше кампања на маргините на неговите многубројни излегувања во суд.
„Тој игра на чувството на носталгија, дека кога Доналд Трамп беше претседател цените беа пониски, Блискиот Исток не беше во војна, Украина не беше нападната од Русија, односите со Кина беа помалку тензични, и така натаму“, додава Смит.
Бајден, исто така, неодамна го критикуваше Трамп малку повеќе во својата кампања, велејќи дека ќе биде диктатор.
Белата куќа изјави за Гласот на Америка дека коментарите од таа природа се „погрешни“.
Еве што Трамп вели дека мисли:
Новинарско прашање: „Вечерва ѝ ветувате на Америка, дека никогаш не би ја злоупотребиле моќта како одмазда против никого?“
Одговор на Доналд Трамп: „Трамп: Освен првиот ден. Освен првиот ден“.
Новинарско прашање: Што значи тоа?
Доналд Трамп: Сакам да ја затворам границата и да поправам, поправам, поправам.
Овој силен контраст е оној што и двајцата, и оние што го предизвикуваат Трамп за републиканската номинација, се обидуваат да го истакнат пред ноември.
Едно е јасно: ако некој од нив победи, американските гласачи точно ќе знаат каков претседател добиваат.