Најголем број Дедо Мразовци на едно место

Your browser doesn’t support HTML5

Илјадници лица облечени како Дедо Мраз трчаа низ улиците на Мадрид, во рамките на добротворна акција за собирање пари за деца со рак

Во овој период од годината Дедо Мраз е насекаде. Во трговските центри, на телевизиските реклами, и промоции од секаков вид. Но, ретка глетка е да има повеќе Дедомразовци, на едно место.

Илјадници лица облечени како Дедо Мраз трчаа низ улиците на Мадрид, во добротворна акција за собирање пари за деца со рак. Со црвени палта и капи, учесниците трчаа околу пет километри.

„Тука сме за добротворна цел и да ја прославиме божиќната сезона“, вели Рут Гонзалес, која учествува во трката.

Дел од донациите одат за непрофитната истражувачка и образовна фондација Intheos, која соработува со СТАРТ Мадрид, чија мисија е да го забрзаат развојот на нови лекови против рак.

„Ова е прекрасен ден. Уживаме и спортуваме во исто време, и правиме нешто добро - за децата со рак“, вели Хозе Мануел, учесник во трката.

Повеќе од 7.000 се пријавиле да трчаат по улицата Мадрид Пасајо де ла Кастејана за оваа кауза. Најголем дел од парите собрани од пријавените за настанот што се промовираше како најголем трка на Дедомразовци во светот, отишле за добротворни цели.