Група лидери од шпанскиот регион на Каталонија, се појавија во два мадридски судови во четвртокот за да одговорат за обвиненијата за бунт, побуна и проневера, поврзани со обидот за независност на Каталонија.
Меѓу нив, не се појави лидерот Карлес Пуџдемон, кој оваа недела беше во Брисел и не се придржуваше до наредбата на судот да се појави на рочиште.
Тој ги отфрли обвиненијата како политички мотивирани и рече дека ќе се врати назад во Шпанија ако добие гаранција дека процесот ќе биде непристрасен и фер.
Непојавувањето на Пуџдемон на суд, отвара можност да биде уапсен од шпанските власти.
Централната влада на Шпанија минатата недела направи чекор за преземање на контролата врз Каталонија и го распушти регионалниот парламент како одговор на референдумот за независност од 1-ви октомври и последователното прогласување независност од страна на пратениците од каталонскиот парламент.
Потегот од минатата недела да и` се забрани независност на Каталонија, доведе до закажување нови избори во регионот за декември.