НАСА соопшти вели дека двајца од нејзините астронаути, Дру Фејстел и Рики Арнолд, денеска ја извршиле планираната „вселенска прошетка“ и работеле на инсталации, надградби и одржување на Меѓународната вселенска станица.
Двајцата астронаути во рок од 6 часа и 10 минути, инсталираа безжична комуникациска опрема, ги заменија видео камерите со висока резолуција и извршија поправки на системот за ладење.
Ова беше четврта „вселенска прошетка" годинава и 209-та, од постоењето на Меѓународната вселенска станица.