Соочен со критики поради Газа, Израел го потсетува светот за суровиот напад од Хамас

Со меѓународната критика за нападите во Газа, израелските лидери работат на тоа светот да не го заборави ужасот од нападите врз израелските цивили што ја поттикна тековната војна. Официјалните лица поканија странски новинари да ги посетат сцените на масакрот. Известува Јан Бочет

Your browser doesn’t support HTML5

Вознемирувачки сцени: Војната меѓу Израел и Хамас секој час носи нови жртви

Ранетите Палестинци веднаш се упатија кон медицинска помош, бидејќи бројот на загинати во Појасот Газа се зголемува по две недели немилосрдна војна. Во исто време, притисокот врз Израел се зголемува, а низ Блискиот Исток, Северна Африка и поголемиот дел од светот избувнаа протести, барајќи прекин на насилството.

Во Берлин тензиите зовреа бидејќи насилните антиизраелски протести резултираа со апсење на 174 лица.

Во меѓувреме, на Западниот Брег, израелските сили се судрија со палестинските демонстранти. Насилството резултираше со смрт на неколку Палестинци.

Како што се засилуваат меѓународните критики, хуманитарната ситуација во Газа се влошува.

Но, израелските власти се решени да се погрижат светот да не ги заборави ужасните настани од 7 октомври, кога милитантите на Хамас започнаа разурнувачки напад врз израелските заедници долж границата со Газа, одземајќи ги животите на 1400 луѓе.

На новинарите им беше овозможен пристап до просториите каде се испитуваат останките на жртвите. Изгорените коски се расфрлани наоколу, а лекарите макотрпно работат на нивно спојување.

Се обидуваме да откриеме колку поединци би можеле да бидат вклучени во оваа група останки
Михал Пир, форензичарка

„Се обидуваме да откриеме колку поединци би можеле да бидат вклучени во оваа група останки. Со ова конкретно, најдовме одреден дел долната вилица - најдовме три такви. Секој поединец има две. Од ова, може да кажеме дека во овој случај, во овие останки, се вклучени најмалку две лица“, вели Михал Пир, форензичарка.

Во јужен Израел, во близина на Појасот Газа, новинарите беа придружувани низ кибуцот Беери, една од заедниците каде што остануваат свежи лузните од масакрот на 7 октомври од страна на милитантите на Хамас.

Сцените кои покажуваат уништување, па дури и мотоциклите и пиштолите што ги користеле напаѓачите на Хамас изгледаа недопрени.

Израел доби уште еден важен знак за меѓународна поддршка по посетата на американскиот претседател Џо Бајден. Британскиот премиер Риши Сунак пристигна во Израел во четвртокот со ветувања за поддршка и понуда да посредува во договорот за проток на хуманитарна помош во Газа.

Но, дури и додека овие дипломатски напори беа во тек, израелските воени авиони продолжија да ја удираат Газа, при што властите на територијата го зголемуваа бројот на загинати, веќе во илјадници, како што минуваше секој час.