Сонце и грмотевица

Your browser doesn’t support HTML5

Нора Таквинас е домородна лидерка на Наса, која се стреми да го потисне насилството што продира во домородниот резерват Такуеџо во југозападна Колумбија. Преку едукативна програма, Таквинас работи со студенти за да ги направи одржливи земјоделските алтернативи на нелегалното одгледување марихуана.

Нора Таквинас е домородна лидерка на Наса, која се стреми да го потисне насилството што продира во домородниот резерват Такуеџо во југозападна Колумбија. Преку едукативна програма, Таквинас работи со студенти за да ги направи одржливи земјоделските алтернативи на нелегалното одгледување марихуана. Иако недозволената индустрија е главен работодавач на локалното население, таа исто така привлекува насилни вооружени групи во областа. Нора е опкружена со млади луѓе кои работеле на полињата со марихуана за да преживеат. Две од нив се Јулијана Јатакуе, нејзината 20-годишна студентка, и Аниели Гарсес, нејзината 23-годишна снаа. Нора се надева дека на следната генерација ќе ѝ ги пренесе вредностите и духовните верувања кои ќе го инспирираат и ќе го одржат домородното движење за одбрана на земјата и нејзиниот народ.