Социјалните мрежи во САД преполни со исмејувања и шеги за претседателските кандидати

Your browser doesn’t support HTML5

Во изборната сезона во САД која беше исполнета со неочекувани пресврти, корисниците на социјалните мрежи одговорија на ист начин со кокос и мачки. Известува Тина Трин од Гласот на Америка. .

Што имаат заедничко кокосот, жените без деца и англиската поп ѕвезда Чарли Екс-Си-Екс? Сите тие се дел од онлајн разговорот кога станува збор за претседателските избори во САД. На нешто повеќе од три месеци до денот на изборите, гласачите на социјалните мрежи наидуваат на мемиња и слични реторики.

„Ние сме ефективно управувани во земјава од Демократите преку нашите корпоративни олигарси, преку жени без деца кои живеат мизерен живот и имаат направено мизерни избори, а сакаат да го направат мизерен и остатокот од државата“, вели Рон Филиповски.

Претходниот коментар на републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј Ди Венс за демократските законодавци стана вирален, со многу мемиња и видеа исполнети со мачки кои го укоруваат.

Сите, од поранешната државна секретарка Хилари Клинтон до холивудската актерка Џенифер Анистон го критикуваа Венс, кој вели дека коментарот е изваден од контекст и дека политиката на Демократите е антисемејна.

Во меѓувреме, кампањата на потпретседателката Камала Харис, употребува говор од минатата година за да го обезбеди контекстот на свој начин, цитирајќи совет од нејзината мајка:

„Мислиш дека само што падна од кокосово дрво? Вие постоите во контекст на сето она во кое живеете и она кое постоело пред вас", стои во цитатот од Харис.

Првично објавен за исмејување од страна на Републиканскиот национален комитет, цитатот оттогаш беше пренаменет од поддржувачите на Харис во мемиња и емотикони од кокос на социјалните мрежи.

Неодамнешното влегување на Харис во трката предизвика значително раздвижување на интернетот, вклучително и поддршка од поп-ѕвездата Чарли Екс-Си-Екс, којa на социјалната мрежа „Екс“ изјави дека Камала “е таа таа“, го спомена името на нејзиниот последен албум и референцата за метафоричната девојка на момент.

Како одговор, кампањата на Харис ја усвои зелената боја на албумот и малиот фонт за нејзина профилна страница на „Екс“, додека креаторите на содржината ја преработија песната на поп-пејачката со референцата од кокосово дрво на Харис.

Во изборната сезона која е полна со изненадувања, корисниците на социјалните мрежи го следат трендот.