Алтернативно фудбалско првенство во Јужна Африка

Алтернативно фудбалско првенство во Јужна Африка

Фудбалските претставници и локални организатори лансираа првенство „Фудбал за надеж“ во Јоханесбург

Фудбалските претставници и локални организатори лансираа првенство „Фудбал за надеж“ во Александра, сиромашно гратче каде насилство и криминал се редовна појава.

Двонеделното првенство што треба да се одржи кон крајот на годинешново Светско првенство, ќе донесе повеќе од 200 млади луѓе од 40 држави.

Фудбалското раководно тело, ФИФА, е спонзор на настанот. Федерико Адиехи од ФИФА вели дека ова е начин нешто да се даде назад: „Фудбалот има одговорност и оваа одговорност е поврзана со популарноста. Поврзана е со фактот што генерира многу финансиски ресурси. А тоа значи дека одговорноста е на оние инволвирани во играта, а пред се` на ФИФА.“

Осумте момчиња и девојчиња на Тимот Александра се млади локални лидери кои надминале многу лични предизвици. Фудбал за надеж функционира со 82 организации во 50 држави и го употребува фудбалот за промоција на свеста за ХИВ и СИДА, резолуција на конфликт, права на децата, анти-дискриминација и заштита на средината.

18-годишниот Село Махлангу е локален доброволец кој живее со мајка му и три браќа во Александра. Тој вели дека тоа е заедница во која многу деца доаѓаат од сиромашни семејства. Некои од нив се под лошо влијание и се впуштаат во криминал. Мислам дека организацијата е тука да ги поведе на прав пат.

18-годишната Кетрин Скосана вели дека фудбалот и дал можност да не биде на улица.

„За мене тоа беше како да сум била во темница и некој ме извлекол оттаму. Многу сум среќна и возбудена во исто време“, вели Скосана.

Денешната церемонија кулминира со меч меѓу Тим Александра и поранешни јужноафрикански фудбалски ѕвезди од соседството.

ФИФА планира отворање на 20 вакви центри годинава, што ќе се темелат на добрата волја креирана од првото африканско Светско првенство.