Сноуден: „Мисијата исполнета“

Во интервју за весникот Вашингтон пост, Едвард Сноуден кажа дека е задоволен од постигнатото со откривањето на тајната програма на владата.
Поранешниот работник под договор во Националната агенција за безбедност Едвард Сноуден вели дека неговата мисија е „веќе исполнета“, откако открил детали на програмите за следење на агенцијата.

Сноуден, кој живее под привремен азил во Москва, за Вашингтон пост кажа дека е задоволен со тоа што го постигнал со протекувањето на информации бидејќи јавноста сега има пристап до нив и може да ги употреби како што сака.

Протекувањата од Сноуден, што прво се појавија во весниците Пост и Гардијан откако пребега во Хонг Конг, открија владини тајни, како тајното собирање на телефонски податоци од милиони Американци. Американски судија на 16-ти декември донесе одлука дека програмата е најверојатно неуставна.

Во пресудата, судијата Руичард Леон кажа дека „не може да замисли понедискриминирачка и арбитражна инвазија“ на приватноста на луѓето со владиното собирање на такви информации без претходна дозвола од судството. Леон не го наложи извршувањето на пресудата, давајќи и на владата шанса да ја обжали одлуката пред повисок суд.

Американски претставници бараа екстрадиција на Сноуден за да биде изведен пред суд по обвинение за предавство, но Русија одби.