Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба по обидот за атентат

Претходно, новинската агенција ТАСР објави дека Фицо е повреден во стомак при пукање по владин состанок

Словачкиот премиер Роберт Фицо се здоби со повреди опасни по живот кога беше застрелан и ранет во обид за атентат во средата, соопшти владината канцеларија.

Претходно, новинската агенција ТАСР објави дека Фицо е повреден во стомак при пукање по владин состанок.

Агенцијата го цитираше потпретседателот на парламентот Љубош Блаха дека Фицо бил застрелан и повреден.

Сведок на Ројтерс рече дека слушнал неколку истрели и оти видел човек како е приведен од полицијата.

Сведокот рече дека видел безбедносни службеници како ставаат некого во автомобил и заминуваат.

Владината канцеларија не можеше веднаш да се добие за коментар.

Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, го осуди, како што рече, грозниот напад врз Фицо.