Скопје подготвено за делегациите на триесеттиот Министерски совет на ОБСЕ

OSCE Skopje 11-29-2023 / ОБСЕ Скопје 11-29-2023

Како што беше најавено бучаверите и улиците во околината на салата „Борис Трајковски“ се затворени за сообраќај, здравстевните установи ќе функционираат непречено за граѓаните и нема да има никакв проблем во пристапот до нив а авиосообраќајот ќе се одвива редовно без доцнење на редовните авиолинии

СКОПЈЕ – Од попладнево пристапот до салата „Борс Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ е блокиран а затворен е и сообраќајот на дел од околните сообраќајници и булевари како што веќе најавија надлежните и МВР заради непречено одвивање на триесеттиот Министерски совет на ОБСЕ.

Официјалните делегации веќе почнаа да пристигаат во Скопје а вечерва ќе се одржи неформална вечера во хотелот „Александар Палас“.

Сообраќајот во Скопје полека стивнува и го нема оној вообичаен попладневен метеж. Тоа најверојатно се должи на упатеноста на граѓаните но и на фактот што училиштата и јавната администрација завршија со работа точно напладне.
Од МВР соопштија дека затворени за сообраќај ќе бидат булеварите „Илинденска“и „8 Септември“ како и улицата „Љубљанска“ и сообраќајот во наредните два деа ќе се пренасочува преку булеварите „Партизански одреди“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Најчесто затворени за сообраќај ќе бидат улицата „Илинденска“ , на потегот од Владата до Сити Мол, како и бул.„8 септември“ на потегот од Хубо маркет до „Партизански одреди“
МВР

„Поради движењето на делегациите, одредени улици ќе бидат затворани за сообраќај во текот на овие два дена. Најчесто затворени за сообраќај ќе бидат улицата „Илинденска“ , на потегот од Владата до Сити Мол, како и бул.„8 септември“ на потегот од Хубо маркет до „Партизански одреди“, но во зависност од потребите, повремено и периодично ќе се затвараат и други улици. За таа цел апелираме до граѓаните на трпение и секако, да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, соопштија од МВР.

Од МВР нагласуваат дека се максимално подготвени и ја гарантираат безбедноста на сите делегации на Министерскиот совет на ОБСЕ, како и нормалното функционирање во главниот град во овој период. Речиси сите единици во полицијата се ангажирани и целосната логитичка поддршка е обезбедена.

„Сите лица коишто учествуваат од страна на МВР им се направени посебни обуки за да се приспособат на овој настан и на потребите на настанот, кој ќе се реализира според изработениот план. Најавени се околу 70 делегации учеснички на ОБСЕ и партнерите, на ниво на МНР и високи претставници од меѓународните организации или повеќе од 1000 претставници на делегациите и партнери на ОБСЕ. Во функција на добро организирање и одлична реализација на целиот настан, чиј носител е Министерството за надворешни работи, вклучени се повеќе организациони единици на МВР, но и вработени во Армијата и Службата за општи заеднички работи во делот на транспортот на делегациите, но и други министерства“, додаваат од МВР.

Сите лица коишто учествуваат од страна на МВР им се направени посебни обуки за да се приспособат на овој настан и на потребите на настанот, кој ќе се реализира според изработениот план
МВР

Здравствените установи ќе работат редовно, тоа се однесува и на Градската болница „8 Септември“ која се наоѓа во непосредна близина на салата „Борис Трајковски“, итната медицинска помош е засилена со возила од Куманово, Тетово и Гостивар и за граѓаните нема да има никаква пречка доколку имаат потреба од здравствена услуга.

„За граѓаните на градот Скопје во делот на Итната медицинска помош ве информирам дека редовната служба нема да биде засегната бидејќи превземени се повеќе возила од околните градови и тие треба денес и утре треба да помогнат доколку се јави зголемена потреба на граѓаните за итна медицинска помош. Сите јавни здравствени установи на територија на град Скопје непречено ќе ги даваат услугите за граѓаните, секој еден кој има потреба да пристапи во здравствена објект ќе може да го стори тоа“, изјави др.Маја Манолева, заменик министер за здравство.

Поради одржувањето на министерскиот состанок, медицинските установи се задолжени во овие денови да имаат обезбедено дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простори и опрема за укажување на медицинска помош, односно да бидат во состојба на подготвеност со своите капацитети. Министерски состанок на ОБСЕ ќе биде 24 часа покриен со присуство на екипи и од Итната медицинска помош а секоја клиника има задолжено лице за контакт.

Застој во авиосообраќајот нема да има и не се очекуваат доцнења на редовните авиолинии соопштија од „ТАВ Македонија и апелираа до граѓаните да ги следат насоките и и известувањата на МВР за да може непречено и навреме да стигнат до аеродромот и да не го испуштат летот.

Градот делумно блокиран: Странски делегации пристигнаа во Скопје за министерскиот совет на ОБСЕ