Градоначалникот на Општина Центар смета дека постојат многубројни незаконски постапки. ВМРО-ДПМНЕ реагираше - целиот проект е целосно легален.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Женровски, денес во Јавното обвинителство ги предаде првичните наоди од ревизијата на проектот „Скопје 2014“, правена по налог на Општина Центар .
Жерновски се одлучи на ваков чекор бидејќи смета дека постојат многубројни незаконски постапки на Министерството за култура и на претходното општинско раководство.
„Ревизорите ја завршија својата работа, а со ова предавање на документите и јас ја завршив својата, сега останува тоа да го стори и Обвинителството. Постојат сериозни индиции за незаконско работење, што претставува основа за постапување на Јавното обвинителство. Се разбира дека во оваа цела незаконитост не треба да се бара вина само во претходната локална власт, туку и во централната, поточно кај Министерството за култура, кое е директен поттикнувач. Предметот кој денеска му е предаден на Обвинителството претставува одлична шанса оваа државна институција да покаже дека судството во Македонија функционира и, конечно, да почнеме да ги бришеме негативните коментари дека имаме партизирано судство“, рече Жерновски.
Ескперите Слаѓана Тасева и Драган Малиновски, кои беа ангажирани од градоначалникот, во наредните месеци ќе достават и втора фаза од ревизијата во која се содржани повеќе детали.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека доказите за кои говори Жерновски не се точни.
„Ние како советничка група сме убедени дека целиот проект е целосно легален и законит. Впрочем, Државниот завод за ревизија, на кој се повика Жерновски, досега има направено две ревизии, во 2008 и 2009 година, и нема констатирано никаква неправилност во постапките“, изјави Даниела Рангелова од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ исто така побара Жерновски да се извини за сите досегашни обвинувања дека проектот „Скопје 2014“ е криминален.
Од Министерството за култура немаат коментар на изјавите на Жерновски.