Ситуацијата на Индо-пацификот е напната. Кинески воени бродови со провокација кон филипинските – напаѓаат со водени топови – во Јужното Кинеско Море.
САД, Австралија, Јапонија и Филипини се собраа на Хаваите да испратат порака – „доста е“.
„Кон сите бевме многу јасни, вклучувајќи го и Пекинг, дека однесувањето што го видовме, моментите кога екипажот на Филипини е во опасност, е неодговорно однесување и не претставува почитување на меѓународното право“, вели Лојд Остин, Секретар за одбрана на САД.
Четворицата шефови за одбрана на државите се состанаа да ја координираат одбраната на слободен и отворен Индо-Пацифик.
„Се обврзавме одблиску да работиме заедно со цел да имаме поголема соработка и партнерство“, посочи Жилберто Теодоро, секретар за национална одбрана на Филипини.
„Се залагаме за она што со децении го поткрепуваше просперитетот и безбедноста во Индо-пацификот и буквално видовме милиони луѓе израснати во сиромаштија“, вели австралискиот министер за одбрана, Ричард Марлс.
САД веќе имаат билатерални договори со секој од овие партнери, но официјалните лица велат дека активностите на Кина во регионот ги поврзале заедно на поголем, мултилатерален начин.
„Кој ја има најголемата заслуга за овие позитивни случувања што ги видовме на Хаваи? Би кажал Шји Џјинпинг“, вели аналитичарот за одбрана Бред Бауман и додава дека Пекинг се однесува како училишен силеџија. Тој очекува широки критики од Кина за оваа продлабочена четирилатерална соработка.
„Насилникот не сака да се справува со четири или пет деца во исто време. Тој повеќе би сакал да се занимава со едно по едно, и затоа, ако сте заинтересирани да одржите слободен и отворен Индо-пацифик во согласност со американските економски и безбедносни интереси, тогаш сакате да ги соберете сите деца заедно, кои ги споделуваат тие интереси и соработуваат“, посочува Бауман.
САД, Јапонија, Австралија и Филипини најавија дека ќе одржат повеќе поморски воени вежби како дел од напорите за зајакнување на соработката.
Кина незаконски тврди дека речиси целото Јужно Кинеско Море е нивна територија и продолжува со зголемување на трошоците за одбрана.