Силјановска-Давкова – има ли поголема промена од тоа жена да стане претседателка на државата
„Од овој момент, ама ajде да ги почекаме резултатите, јас ќе бидам претседател на сите граѓани, а тоа се однесува на сите – и на членовите на партиите, и на оние кои не се во партиите. Не може претседател да обединува ако има партиска книшка. Моите канцеларии ќе бидат отворени. Она што го ветив во кампањата во поглед на претседателот – од народни канцлеарии, до номинирањето членови на судскиот совет, во уставниот суд, дека ќе ги вршам само врз основа на стручност и компетентност. Не се согласувам дека гласовите сум ги добила со набој на национализам. Ова не е време за поделби, фалби и време за триумфализам“, рече Силјановска.