Северна Македонија и Република Србија имаат одлична соработка и добрососедски односи и таа треба да се чува и да се развива и продлабочува преку заеднички проекти и решавања на проблеми во евроинтегративниот пат заклучија претседателката Гордана Силјановска Давкова и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, на денешната средба во манастирот „Свети Прохор Пчински“ во рамките на прославата на Илинден.
Претседателот Вучиќ ја пречека Давкова на влезот во манастирскиот комплекс и потоа положија цвеќе пред меморијалната плоча на АСНОМ. По средбата претседателот Вучиќ порача дека претседателката Давкова може да се чувствува како дома и дека до крајот на годината ќе добие покана за официјална посета на Белград.
Зголемена трговска размена, изградба на брза пруга, заеднички конкретни проекти и решавање на заедничките прашања и проблеми на европскиот пат на двете држави се темите на кои се разговараше на билатералната средба меѓу претседателите