Сиљановска: Можен е исчекор во односите со Бугарија

„Вие многу сторивте, сега ние сме на ред“ е пораката која државниот врв ја добила од неколку „многу релевантни фактори“, соопшти претседателката Сиљановска на брифинг со новинарите и нагласи дека изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев по средбата во Баку е наменета за бугарската јавност.

„Многу релевантни фактори“ кога станува збор за спорот со Бугарија соопшти претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, на денешниот брифинг со новинарите. Претседателката Сиљановска брифираше за средбите и разговорите на меѓународен план кои таа ги остварила од стапување на позицијата претседател на државата и потенцираше дека позицијата на Северна Македонија е јасно преставена на сите билатерални или мултилатерални средби со државници и претставници на Европската унија а измени на Уставот не се предвидени во Договорот со Бугарија и тоа јасно му било кажано на бугарскиот претседател Радев.

Кога станува збор за спорот со Бугарија, Сиљановска Давкова, ги посочи Вишеградската група и Белгија како едни од најголемите поддржувачи на нашата држава и од каде сигналите гласеле „вие доволно сторивте сега е ред на нас“.

Претседателката уверува дека решението треба да се бара во „интерпретација на Преговарачката рамка“ и дека треба да се биде креативен. Сиљановска како и премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека меѓународната заедница прв пат се соочува со аргументите од македонската страна и дека тоа не било сторено од претходната политичка гарнитура.

Околу барањата за промена на Уставот и внесување на Бугарите, кои доаѓаат од Брисел, претседателката смета дека станува збор за преседан и мешање на меѓународната заедница во внатрешни прашања на држава аспирант.

Сиљановска е децидна дека таа ниту може ниту смее да вети дека уставни измени ќе се случат бидејќи тоа може да го направи како што кажа само „апсолутен монарх“. Децидна е дека нема да се повтори притисокот врз пратениците како во случајот со Договорот од Преспа.

Изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, по средбата во Баку, ја оквалификува како за „домашна употреба“ и наменета за бугарските медиуми.

Сиљановска Давкова и Румен Радев во Баку

Брифирајќи околу средбата кажа дека тонот и разговараното биле во друга насока а од страна на Радев немало никаква реакција кога претседателката Сиљановска нагласила дека во Договорот со Бугарија никаде не се споменати уставни измени.

Претседателката потврди дека начелно е договорена официјална посета на претседателот Радев на Македонија и дека во моментов се прецизираат детали и датум.

По ескалацијата на интензитетот на судирите меѓу Украина и Русија, претседателката Сиљановска смета дека нема потреба да го свика Советот за безбедност бидејќи како што кажа Македонија е членка на најмоќната организација во светот и дека сме безбедни под „чадорот на НАТО“