Нова технолошка преселба: ем климата убава, ем на чекор до Холивуд.
Силиконската долина во Калифорнија е рај за технолошките компании, а таму се и седиштата на Интернет-гигантите Гугл и Фејсбук. Но, се` повеќе млади претприемачи започнуваат бизнис во западниот дел на Лос Анџелес, областа што го доби името – Силиконска плажа.
Луѓе од цел свет уживаат под сонцето на Силиконската плажа, но ова е и местото каде Грег Спириделис и неговиот брат решија да биде седиштето на нивната Интернет- компанија за хумор и електронски картички, Џиб џеб.
„Ние сме на два блока од плажата. 22 степена Целзиусови и сончево, секој ден“, вели Грег.
Тие ја преселиле компанијата од Њујорк во Лос Анџелес пред 10 години.
„Кога дојдовме во Лос Анџелес, не постоеше заедница на технолошкиот бизнис“, раскажува Грег.
Но, од пред три-четири години, почнаа да никнат технолошки компании. Ашиш Сони, професор на Универзитетот на Јужна Калифорнија, говори за причините: „Невработеноста и економијата во 2008-2009-та поттикна многумина да скршнат од традиционалната корпоративна патека и да се обидат да отворат свој бизнис“.
Оттогаш расте бројот на нови технолошки компании на Силиконската плажа, долж петте километри од местата Санта Моника до Венеција.
Покрај убавото време, производниот сектор во Лос Анџелес и двете пристаништа што служат за трговија со Источна Азија, придонесуваат пазарот да биде атрактивен за електронската трговија. Згора на тоа, голем број Интернет-компании за маркетинг и анализа на податоци најдоа свој дом во Лос Анџелес.
Претприемачите имаат и друга причина да ја изберат Силиконската плажа – блиску е до Холивуд. Основачот и директор на компанијата за дигитализирање и споделување на видео-снимки Брет О`Браен тврди дека тука се најдобрите: „Најталентираните лица од индустријата на продукцијата и видео-ефектите, режисери, кинематографи, сите се базирани во Венеција“.