„Арапската пролет“ по сценарио од книга од 1993?

„Арапската пролет“ по сценарио од книга од 1993?

Народните востанија на Блискиот исток, што започнаа кон крајот на минатата година, продолжуваат да го држат вниманието во регионот. Резултатот од нив од земја во земја варира, но протестантите главно користеа слична тактика и средства. Тоа што малкумина сфаќаат е дека основата на таа тактика може да се најде во пишувањето на 93-годишниот пензиониран професор од Бостон, Масачусетс.

Откако се случија првите протести во декември, авторитарните диктатори во Тунис и Египет беа принудени да ја напуштат власта. Други држави беа принудени да направат политички реформи. Дури и оние држави кои пружија отпор на востанијата, беа ставени во позиција да се бранат.

Низ целиот регион и низ таканаречената „Арапска пролет“ медиумите известуваат дека организаторите на протестите ги следеле на принципите поставени од пензионираниот професор Џин Шарп, во книгата насловена „Од диктаторство до демократија“. Самиот професор вели дека книгата, напишана во 1993, била заснована на претходно истражување од околу две децении.

Професорот Шарп книгата ја напишал на барање од политичките дисиденти во Бурма. Од оригиналната публикација, книгата е објавена на 34 јазици.

Книгата е преведена и на арапски и се наоѓа на веб-страницата на Муслиманското братство.

Идеалот на мирен отпор на Шарп позајмува од влијанијата на Ганди, Хенри Дејвид Тореи и Алберт Ајнштајн. Последниот всушност го има напишано воведот во книгата на Шарп, првото издание, а Шарп ја нарекува непрофитната организација што ја поддржува неговата работа „Институција Алберт Ајнштајн“.

Во центарот на трудот на Шарп е принципот на ненасилна борба. Неговите методи се познати по практичноста и ефективноста.

Шарповата тактика за ненасилна борба има големо влијание во светот. Неговите идеи биле употребени, меѓу другите места, во „обоените“ револуции на Источна Европа за време на раните 2000 –ти години. Полковникот во пензија Роберт Хелви ја употребил Шарповата тактика за обука на активистите во Бурма и во Србија.

„Џин ги всади тие идеи меѓу луѓето за последниве 40 години. Сега тие фатија корени и луѓето ги присвојуваат како дел од нивните сопствени верувања, како отсекогаш да биле тука“, вели Хелви.

Професорот пишува и денес. Штотуку ја заврши книгата „Шарповиот речник на моќ и борба“. Ќе биде објавена оваа есен.