Сексот опасен за оние кои не вежбаат!

Сексот опасен за оние кои не вежбаат!

Лекарите со години наведуваат дека редовната физичка активност е еден од начините да се намали ризикот од срцев удар. Сега, пак, ново истражување индицира дека за оние кои не вежбаат редовно, секоја енергична активност одненадеж можа да ги чини животот, дури и кога се работи за – секс!

Наликува на сцена од филм: човек со вишок на килограми, без кондиција, добива срцев удар додека трча за да фати автобус, или пак при секс. Сега има научни докази што го поткрепуваат таквото фиктивно сценарио.

Научниците од Универзитетот Тафтс во близина на Бостон ги комбинирале резултатите од 14 истражувања што ја испитувале врската меѓу, како што ја нарекуваат, епизодната физичка активност од една и срцевиот удар и други срцеви случаи од друга страна.

Редовното вежбање е корисно, но кај луѓето со седентарен начин на живот има краткорочно зголемување на опасноста.

„Има врска меѓу епизодната физичка активност, сексуалната активност и ризикот од срцев удар и ненадејна смрт, и тоа во кус период од еден до два часа по активноста“, наведува коавторката на проектот Џесика Паулус.

Истражувачите утврдиле дека епизодната физичка активност приближно тројно го зголемува ризикот од срцев удар. Па сепак, со оглед на тоа дека ненадејниот наплив на активност не е вообичаен за лицата со седентарен начин на живот, ризикот од срцев удар додека некој од нив потрчал да го фати автобусот, на пример, практично е мал.

Редовната физичка активност го намалува овој ризик, вели главната авторка на проектот Иса Дахабре.

Дури и вежбањето само еднаш неделно може значително да го намали ризикот. Научниците откриле дека ризикот од срцев удар се намалил речиси за половина, а од ненадејна смрт за околу една третина по секое вежбање еднаш неделно.

Истражувањето е објавено во Журналот на Американското медицинско здружение (ЈАМА).