Снежно невреме го окова североисточниот дел на САД

Според метеоролошки прогнози, најверојатно уште една бура на источниот брег, веќе следната недела

Милиони луѓе во североисточните делови на САД, по трет пат за две недели се соочуваат со големo зимскo невреме.

Жителите и локалните власти се справуваат со влијанието и отежнатите услови во државите Роуд Ајленд и делови на Масачусетс.

Невремето донесе нов прекин во воздушниот и железничкиот сообраќај.

Првата бура беше на 2-ри март, при што загинаа осум лица, а пет дена подоцна, следеше уште една.

Метеоролозите најавуваат ново снежно невреме на источното крајбрежје на, следната недела.