Американскиот главен правобранител Џеф Сешнс е прв член од Кабинетот на претседателот Доналд Трамп, кој е испрашан од тимот на специјалниот советник Роберт Мулер, во врска со можната вмешаност на Русија во изборите во САД во 2016-та година, како и за наводна соработка меѓу Русија и претседателската кампања на Трамп.
Поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, кој беше тргнат од функцијата поради неговата истрага за Русија, бил наводно интервјуиран минатата година, во врска со серија белешки, кој тој ги напишал за неговите контакти со Трамп.
Весникот „Њујорк тајмс“, пак, објави дека Сешнс бил испрашуван неколку часа минатата недела, за неговите контакти со руските официјални лица, како и за тоа дали Трамп ја попречувал правдата.
Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс, рече дека Белата куќа соработува со истрагата на Мулер, но, одби да каже дали Трамп ќе се согласи да одговори на прашањата од Специјалниот совет.
Трамп, во неколку наврати, ја нарече истрагата „лов на вештерки“, велејќи дека не постоел заговор меѓу неговата кампањата и Русија.
Тој изјави дека не е загрижен оти Сешнс разговарал со тимот на Мулер.
Освен истрага за наводните врски меѓу кампањата на Трамп и Москва, се верува дека Специјалниот совет ќе истражува дали Трамп ја попречил правдата за време на истрагата.