Серијата напади со украински дронови кон руските нафтени рафинерии го намалија капацитетот на Москва

  • Хенри Риџвел

Your browser doesn’t support HTML5

Неодамнешната серија напади со украински беспилотни летала насочени кон руските нафтени рафинерии значително го намали капацитетот на Москва - бидејќи Киев и нејзините сојузници имаат за цел да ја лишат Русија од нејзиниот главниот извор на приходи. Од Лондон известува Хенри Риџвел.

Украински дрон лета над нафтената рафинерија Ризан во западна Русија – врши напад, предизвикувајќи огромна експлозија.

Нападот на 13 март беше меѓу серијата неодамнешни воздушни удари насочени кон руската нафтена индустрија.

Киев тврди дека мета биле најмалку седум различни рафинерии - многу од нив во регионот со соседна Украина, вели аналитичарот Том О'Донел, кој зборуваше за Гласот на Америка од енергетска конференција во Берлин.