Србија рече дека држвата е спремна да испрати трупи во Косово, со цел да ги заштити Србите, доколку тоа е потребно.
Вербалната војна почна во неделата, меѓу српски и косовски официјални лица, кога воз, обоен со српски знамиња и натписи „Косово е Србија“, беше спречен да влезе во Косово во саботата.
Српскиот премиер Александар Вучиќ, ги обвини етничките Албанци во Косово за обид да постават бомби на железничката пруга.
„Нашиот единствен проблем е тоа што некој мисли дека можат да ги убиваат Србите. Нема да дозволиме никој да убие Срби и да помине неказнето. Тоа е се` што имам да им кажам на нив“, рече Вучиќ, укажувајќи на Косовската влада.
Косовскиот премиер Иса Мустафа вели дека возот „испратил порака на окупација“.
„Мислам дека е во ред што го вративме возот, оти влегување на суверената и независна територија на Косово не треба да се дозволи, или ако тоа се случеше, ќе мораше да реагираме според законите на Косово“, рече Мустафа.
Косово прогласи независност од Србија во 2008-та година, една деценија по одвојување од Србија, кое доведе до конфликт меѓу српските и албанските сили.