Претседавачот со Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом Елиот Енгел, го поздрави продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија денес и утре во Вашингтон.
„Ова е позитивен развој. Конфликтот меѓу двете држави трае предолго, и им наштети на животите на многумина. Го забави напредокот на регионот и ја блокираше неговата целосна интеграција во Европа. Одамна требаше да се стави крај на овој спор, еднаш засекогаш“, изјави Енгел.
Според него, крајното решение на конфликтот мора да опфати неколку клучни принципи.
„Мора да биде заеднички прифатен од Косово и Србија. Мора да го поплочи патот на Косово и Србија да влезат во северноатлантските структури, меѓу кои ЕУ и НАТО. И мора да му обезбеди на Косово целосно членство во Обединетите нации и други важни меѓународни организации, за да може да продолжи напред како секоја друга држава“, рече тој.
Сепак, српскиот претседател Вучиќ, кој ја води државата надвор од северноатлантската заедница, и поблизу до Русија, одби заедничко прифатливо решение на маса, вели Енгел.
„Всушност, српската делегација вели дека доаѓа да разговара само за економски прашања. Иако нема ништо негативно во тоа да се зголеми трговскиот и економски напредок, ова е политички конфликт кој бара политичко решение“, смета конгресменот
„Се` уште има делумна правда за жртвите на етничко чистење, силување и на друг воен криминал. Мора да има одговорност за злосторниците за да можат луѓето во двете држави да се свртат кон иднината“.
Енгел истакна дека е охрабрен од шефот на косовската делегација, премиерот Хоти, бидејќи поставил јасни и практични цели за заеднички договор, без да го загрозува територијалниот интегритет на Косово.
„Косово заслужува нормална иднина во која граѓаните ќе може да патуваат слободно, и ќе стои рамо до рамо со светските демократии, меѓу кои и САД. По повеќе од две децении конфликт, се надевам дека двете страни ќе се ангажираат конструктивно, и оти САД ќе делуваат фер и искрено, да им помогнат на државите да склучат договор и да постигнат мир“, изјави Енгел.