Сенаторите на потег за предложените раководни лица во новиот кабинет на Трамп

Сенаторите во американскиот Капитол наскоро ќе го оценат изборот на Трамп за клучните позиции во новиот кабинет

Сенаторите во американскиот Капитол наскоро ќе го оценат изборот на Трамп за клучните позиции во новиот кабинет. Многумина од предложените лица се соочуваат со прашања за нивните верувања и квалификации, па процесот на потврда овој пат би можел да изгледа поинаку. Известува Кетрин Џипсон.

Традиционален процес во Вашингтон… Номинираните кандидати на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за клучните позиции во кабинетот се среќаваат со американските сенатори кои ќе одлучат дали треба да бидат потврдени нивните функции.

„Вашето осумгодишно искуство како државен обвинител на Флорида јас сум сигурен дека ја потврдува вашата подготвеност за оваа позиција“, вели сенаторот републиканец, Чак Грасли.

Your browser doesn’t support HTML5

Трамп предложи функционери во моменти кога Сенатот е на одмор

Изборот на Трамп за американскиот Стејт департмент да го води републиканскиот сенатор Марко Рубио, се очекува да биде потврден.

„Претседателот ја одредува надворешната политика – нашата работа е да ја спроведеме“, истакна Рубио во куса изјава.

Но, Пит Хегсет, изборот на Трамп да го води Пентагон, никогаш немал лидерска позиција во војската. Тој беше водител на конзервативната мрежа „Fox News Network“.

„На прво место ги ставаме воените борци. Тоа е она што Доналд Трамп го побара од мене. Ваша работа е да го вратите воениот дух во Пентагон“, изјави Хегсет.

Хегсет е еден од неколкуте номинирани со историја на контроверзни политички забелешки што некои републикански сенатори би можеле да имаат тешко време да ги потврдат.

Новоизбраниот претседател Трамп не треба само да претпоставува дека тие ќе бидат прифатени
Шенон О'Брајан, ниверзитет на Тексас

„Новоизбраниот претседател Трамп не треба само да претпоставува дека тие ќе бидат прифатени. Зашто може да имате некои републиканци, на кои ако не им се даде доволно внимание или почит, би можеле да му го направат животот навистина тежок“, вели Шенон О'Брајан од Универзитетот на Тексас.

Идниот очекуван лидер на мнозинството во Сенатот, републиканецот Џон Тун, вети дека брзо ќе одржи гласање за кандидатите предложени од Трамп.

„Ќе направиме сè што можеме за брзо да ги обработиме неговите [назначувања], да ги поставиме на нивните позиции за да можат да почнат да ја спроведуваат неговата агенда“, вели републиканецот Тун.

Но, Трамп предложи функцуинери во моменти кога Сенатот е на одмор, понекогаш контроверзен маневар за заобиколување на уставната улога на пратениците за одобрување на кандидати.

„Што ако претседателот се обиде да го распушти Конгресот, за да ја примени својата моќ да постави лица на функција додека Конгресот е распуштен. Тоа никогаш не се случило. Но, ако сака нешто да направи, единствениот начин на кој би можел е да го присили Конгресот да оди на одмор. Но, тоа ќе заврши на суд“, посочува О'Брајан.

Републикански сенатори веќе се спротивставуваат.

„Тоа е цела друга тема. Очигледно, мислам дека не треба да ги заобиколуваме одговорностите на Сенатот“, вели републиканскиот сенатор Џон Корнин.

Американските претседатели на двете партии донесоа Клауза за прекин. Но, Врховниот суд ја ограничи таа способност за време на мандатот на претседателот Барак Обама.