Сенаторите Шахин и Тилис го поздравуваат признавањето на Република Северна Македонија од страна на Грција

Американските сенатори Џин Шахин и Том Тилис, копретседавачи на набљудувачката група на НАТО во Сенатот изјавија дека договорот става крај на 27 годишниот спор меѓу државите, што ќе и` овозможи на Република Северна Македонија да биде вклучена во следната рунда на проширување на НАТО и да се приклучи на трансатлантската алијанса.

„Гласањето на Грција за ратификација и признавање на Република Северна Македонија е значаен чекор кон обезбедување мир и просперитет во регионот, и ќе има пошироки импликации со отворање на вратата кон евроатлантска интеграција на Балканот“, кажаа тие во заедничка реакција по гласањето во Грчкиот парламент за ратификување на Договорот од Преспа.

Во изјавата се додава дека наоѓањето компромис и прекинување на спорот преку диполматија и мир треба да биде пример за целиот регион, како и за глобалната заедница.