По неколкунеделните преговори зад затворени врати, републиканците на Сенатот го претставија нацрт-законот за реорганизирање на Американскиот систем за здравствена заштита и да го заменат „Обамакеар“. Процесот е критикуван од демократите, а загриженост изразија и одредени умерени и конзервативни републиканци.
Новата легислатива се очекува да стави крај на одредбите во законот, со кој од поголемиот дел Американци се бараше да купат здравствено осигурување, како и отстранување на федералните субвенции за купување план и намалување на финансирањето на „Meдикејд“, што ги покрива трошоците за здравствена заштита за сиромашните и лицата со посебни потреби.
„Обамакеар не функционира“, рече лидерот на сенатското мнозинство Мич Меконел, мислејќи на законот за здравствена заштита на поранешниот претседател Барак Обама од 2010-та година. „Време е да се реагира“.
Републиканскиот план обезбедува даночни олеснувања, со што би им се помогнало на Американците да платат за здравствена заштита и укинување на повеќето даноци на Обамакеар за лицата со повисоки примања. Демократите го критикуваат планот како даночно олеснување за богатите, маскиран како план за здравствена заштита.