Привлекувањето западни инвестиции во Украина, истовремено намалувајќи ја корупцијата за време на напорите за реконструкција, се цели на проектот на новата школа за јавни и меѓународни односи на Принстон.
Во јуни, програмата „Иновации за успешни општества на Принстон“ започна детална база на податоци за законите за реконструкција на Украина.
Директорката Џенифер Вајднер, вели дека базата на податоци им олеснува на компаниите да ги раззберат законите во Украина што можат да бидат збунувачки, како и да работат во Украина.
„Мислам дека тоа ќе им помогне на приватните компании да одлучат да учествуваат полесно отколку што би можеле, бидејќи ќе знаат какви се правната ситуација, слабости и можности“, вели Вајднер.
„Коалиција за интегритет“, непрофитна антикорупциска група, ја надгледуваше работата. Групата вели дека целта е да се отстранат сите потенцијални пречки предизвикани од комплицираните и постојано променливи правни регулативи на Украина.
Претседателот Ворт МекМари вели дека базата на податоци ќе им олесни на западните компании кои размислуваат за инвестирање во Украина.
„Наменета да се користи од приватниот сектор и јавниот сектор, каде и да се тие – не само американските компании – за да се олесни обновата на Украина“, смета МекМари.
Оваа база на податоци е дел од поголем проект кој започнал во 2022 година, кога украинската антикорупциска експертка Оксана Нестеренко отишла во Принстон како гостин истражувач.
Таа и Вајднер почнале да работат заедно на иновативни начини за обнова на Украина на транспарентен начин, а Нестеренко вели дека почнале и да ги обучуваат луѓето во Украина да помогнат.
„Главната идеја е да има повеќе луѓе во Украина кои работат на условите на намалување на ризиците од корупција и пренесување на идејата до нивното непосредно раководство“, посочува Нестеренко.
Вајднер вели дека секоја криза создава големи можности за развој и успех во иднина. Таа е убедена дека за една деценија, искуството на Украина може да послужи како пример за справување со повоена криза.