Се интензивираат напорите за смирување на кризата во Косово среде повеќе протести

Меѓународните напори за смирување на кризата во Косово се интензивираа додека етничките Срби одржаа повеќе протести во северниот град каде што судирите со мировниците предводени од НАТО оставија десетици повредени.

Тензијата предизвика страв од обновување на конфликтот во проблематичниот регион. Стотици Срби на митингот денес повторија дека сакаат косовската специјална полиција и претставниците на етничките Албанци, кои неодамна беа избрани на градоначалничка функција да се повлечат од северно Косово.

Во меѓувреме, претставници на Европската унија се сретнаа со косовскиот премиер Албин Курти.

Лидерите на Франција и Германија ги објавија плановите да се состанат в четврток со највисоките официјални претставници на Србија и Косово.