Белата куќа домаќин на Саем за наука

Белата куќа домаќин на Саем за наука

Претседателот сака учениците да бидат признаени за научни достигнувања на ист начин како што Белата куќа признава американски спортски екипи.

Американскиот претседател Барак Обама во понеделник ќе оддаде признание на научни постигнувања на ученици, како дел од напорот да се зајакне научното образование во американските училишта.

Обама ќе биде домаќин на Саем за наука во Белата куќа, свртувајќи го вниманието кон ученици кои победиле на натпревари за наука, технологија, инженеринг и математика.

Проектите што ќе бидат претставени на настанот вклучуваат модел на соларен автомобил, прочистувач за вода во рурални заедници и тоалет дизајниран да конзервира вода.

Претседателот минатата година кажа дека учениците треба да добијат признание за научни достигнувања на ист начин како што Белата куќа историски им оддава признание на американски спортски екипи.

Професионални и спортисти од колеџи рутински се објавувани во Белата куќа за церемонии во чест на нивните победи.

Обама ги направи науката, технологијата, инженерингот и математиката приоритети во неговата образовна платформа.