Една од лекциите е воспоставување дистрибутивни центри по урнекот на компанијата Волмарт.
Најлошата природна катастрофа во американската историја беше ураганот Катрина, кој уби над 1.800 лица, а над милион други останаа без домови, додека околу три милиони немаа струја во областа на Заливот. Поголем дел од Њу Орлеанс, во Луизијана, беше поплавен кога насипите беа пробиени и некои делови од градот се` уште не се целосно опоравени.
Во Универзитетот Тулејн во Њу Орлеанс, Марк Рој ја води програмата на постдипломски студии за менаџмент на катастрофи. Поранешниот специјалист во Федералната агенција за менаџмент на вонредни ситуации, позната како ФИМА, вели дека пореметувањето предизвикано од ураганот Сенди може да биде полошо, зашто има многу поголема популација во погоденото подрачје.
„Ова може да се 60 милиони луѓе потенцијално погодени така што Сенди може да има огромно влијание на национално ниво и тоа ќе биде тест за многумина“, вели Рој.
Доколку милиони луѓе без струја останат подолго време, тоа може да ги направи очајни, вели тој:
„Немање електрична енергија по несреќа од каков било вид има не само економски, туку и психолошки последици“.
Но Рој вели дека владините агенции, а особено ФИМА научиле од грешките направени по Катрина. Комуникацијата и координацијата меѓу владините ентитети на различни нивоа се многу подобри сега отколку пред седум години.
Рој вели дека владата исто така научила лекции од приватни организации за помош како американскиот Црвен крст и посебно една приватна компанија, Волмарт, која достави храна и вода во некои погодени области по Катрина многу побрзо од владини агенции.
Волмарт неделава затвори 290 продавници во 10 држави во САД зафатени од ураганот Сенди, но доцна во вторникот сите освен 74 беа во функција, вели Кајла Вејлинг, портпарол на компанијата.
„Имаме мрежа на центри за дистрибуција за вонредни состојби, кои се стратешки лоцирани и опремени, така што лесно можеме да доставуваме помош до најблиската погодена зона“, вели Вејлинг.
Волмарт исто така е во контакт со локалните и федерални власти за во случај на несреќа да обезбеди најефикасна можна помош до области каде има милиони нивни муштерии.