Американскиот претседател Доналд Трамп наметна нови економски санкции врз Северна Кореја, заради нуклеарната програма на државата.
Санкциите целат на поединци и бизниси кои ја финансираат и помагаат трговија на комунистичкиот режим, рече Трамп:
„Само што потпишав нова извршна наредба која значително ги проширува овластувањата кои целат на поединци, компании и финансиски институции кои ја финансираат и олеснуваат трговијата со Северна Кореја. Како што наведов во обраќањето на Генералното собрание на Обединетите нации, развојот на нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја претставува сериозна закана за мирот и безбедноста во светот и неприфатливо е други да го поддржуваат овој криминален режим. Бруталниот режим на Северна Кореја не ги почитува сопствените граѓани, ниту суверенитетот на другите нации.“
Трамп одлуката ја објави заедно со јужнокорејскиот претседател Мун Џеј - ин и јапонскиот премиер Шинзо Абе, кои ги поддржаа мерката на САД. Тие се состанаа на маргините на Генерално собрание на ОН.